Како би можело да изгледа првиот телефон на преклоп на Google?
Како би можело да изгледа првиот телефон на преклоп на Google? 17.01.2023

Додека го чекаме објавувањето на Google Pixel Fold, погледнете ги цените и карактеристике на Google Pixel Pro 6 и 7 тука.

Се појавија детали за тоа како би можел да изгледа првиот телефон на Google со флексибилен екран.

Сигурниот извор @Onleaks и HowToISolve се здружија за да создадат видео од 360 степени и фотографии со 5К рендери кои покажуваат како би можело да изгледа телефонот.

Google Pixel Fold (како што се очекува телефонот да се вика) се преклопува хоризонтално, е компактен и има широк сооднос. Внатрешниот и надворешниот екран имаат засек за камерата центриран на врвот.

На задната страна има хоризонтален систем на камери, со два сензори и LED блиц. Рендерите откриваат и слот за SIM картичка и USB-C порта, како и стерео звучник.

Се сугерира дека Google Pixel Fold ќе има 7,69-инчен дисплеј внатре, додека надворешниот ќе има дисплеј од 5,79 инчи. Телефонот се очекува да биде достапен во сребрена и црна боја.

Претходно дознавме дека Pixel Fold треба да користи чипсет Tensor G2 во комбинација со 12 GB RAM. Екранот се очекува со резолуција од 1840 x 2208 p, осветленост од 1200 nits и стапка на освежување од 120 Hz.


Додека го чекаме објавувањето на Google Pixel Fold, погледнете ги цените и карактеристике на Google Pixel Pro 6 и 7 тука.