Apple официјално ги претстави новите уреди: Вака ќе изгледа новиот iPhone
Apple официјално ги претстави новите уреди: Вака ќе изгледа новиот iPhone 13.09.2023

На настанот Wonderlust, Аpple ги претстави најновите верзии на iPhone телефоните, како и најновите верзии на Apple Watch.

Централниот фокус на овој настан беше претставувањето на најновите iPhone модели, кои доаѓаат во вкупно 4 варијанти. Првата и најевтина, е iPhone 15 кој доби процесор кој во претходната генерација го движеше iPhone 14 Pro, a сега има и подобрена оптика од 48MP, Dynamic Island и неколку нови бои. Телефонот добива нов OLED дисплеј со максимално осветлување од 2.000 нити.


iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max


 

Најскапиот во понудата iPhone 15 Max Pro доаѓа со иста големина на екранот како претходникот - дијагонала од 6,7 инчи и за нијанса подобра камера од 14 Pro. Телефонот доаѓа со тело од титаниум, кој го прави полесен од претходната генерација и има А17 Pro чипсет од 3 нанометри кој треба да донесе значителни подобрувања во работата, енергетската ефикасност и перформансите во игрите.

iPhone 15 Pro Max доаѓа со напредна камера од 48MP и подобрени перформанси при најслаби услови на осветлување. 

iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max се достапни во четири бои на чело со темно сината.